Милошоски: Уставниот Суд да ја поништи уредбата за исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО

од Берта Китинска

Поднесена е иницијатива до Уставниот Суд за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО. Иницијативата е поднесена вчера од страна на Никола Мицевски, координатор на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, информира пратеникот Антонијо Милошоски на прес-конференција.

– Очекуваме Уставниот Суд во најбрзо можно време да се произнесе по оваа предлог иницијатива. Дозволете ми на кратко да објаснам зошто е поднесена ова иницијатива и зошто сметаме дека уредбата која што се однесува на поранешните вработени во СЈО и исплатата на големи парични средства за нив е неуставна, незаконита и економски штетна. Прво институтот „вонредна состојба“ согласно повеќе меѓународни документи ратификувани од страна на Македонија, а особено меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската Конвенција за човекови права има две главни компоненти од кои едната е законска рамка, а другата е оперативна рамка. Тоа е фактички вонредната состојба. И секогаш кога има законска рамка, законската рамка на било која уредба со законска сила мора да се однесува на темата која што е основа за прогласувањето на вонредната состојба. Уредбата за исплата на пари на поранешни вработени, службеници, истражители во СЈО нема никаква допирна точка со основата за прогласување на вонредна состојба во Република Македонија, а тоа е борба со пандемијата и вирусот ковид-19 и неговите здравствени и економски последици. Затоа сметаме дека оваа уредба е незаконита, е противуставна и е спротивна на уредбите кој што Република Македонија ги ратификувала како членка на Советот на Европа – рече Милошоски.

Тој објасни дека оспорената уредба има една интенција- незаконски да регулира материја кој во ниеден аспект не е поврзана со главната причина заради која што претседателот на државата воведе вонредна состојба, ниту пак има состојба на итност или нужност да уреди некое прашање за функционирање на државата за да е справи со епидемијата на Ковид 19 во Република Македонија. Затоа сметаме дека владата ја злоупотребила вонредната состојба за да исплати пари на поранешни вработени во СЈО кои што се блиски членови на Заев, на Катица Јанева, на поранешни и сегашни обвинители и судии и партиски послушници на актуелната Влада.

Според Милошоски, со оваа уредба се повредени членот 8, членот 9, членот 51, членот 106 како и членот 126 од Уставот на Република Македонија. Затоа сметаме како ВМРО-ДПМНЕ дека доколку оваа уредба остане во сила ќе предизвика правна несигурност и ќе предизвика двојно уредување на една иста материја што е спротивно на членот 8 став 1, односно на челото на владеење на правото како една од темелните вредности на уставниот поредок, како и спротивно на членот 51 од Уставот според кој што сите закони и уредби мора да бидат во согласност со Уставот и другите прописи уредени со Закон.

Слични содржини