Милошоски: Во ВМРО-ДПМНЕ нема место за камелеони како Димитров и Мукоски

од Nikola Popovski

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски категорично отфрла дека поранешниот вицепремиер за европски прашања и некогашен прв човек на дипломатијата, Никола Димитров би можел да стане дел од најголемата опозициска партија.

-Во ВМРО-ДПМНЕ нема место за камелеони како Никола Димитров и Крсто Мукоски. Не сакаме да ги рециклираме и да бидат дел од нашите редови. Тие немаат кредибилитет да бидат политички активни. Сметам дека нивната политичка кариера заврши. Димитров беше носител во изборна единица како дел од СДСМ и си замина, истото се случи и со Шекеринска, додава Милошоски во Дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини