Милвоки со импресивен пресврт против Мајами

од Vlatko K
109 прегледи

Кошаркарите на Милвоки Бакс направија историски пресврт за да победат на гостувањето кај
Мајами со 113: 98.

Така „Елените“ станаа првиот тим кој заостанува на паузата барем со 20 поени, но успева да победи
со повеќе од 11. Освен тоа тимот од државата Висконсин само еднаш успеал да победи, откако
губел по првото полувреме, со најмалку 20 поени, што се случи во 1977 година.

Јанис Антетокумпо заврши со 33 поени, 16 скока и 9 асистенции, Крис Мидлтон додаде 21, а Ерик
Бледсоу се истакна со 17 поени во успехот. „Елените“ го освоија второто полувреме со импресивни
71:36.

„Не е важно дали заостануваше со 20, 25 или 10. Треба да продолжиш да играш цврсто и да можеш
да добиваш слични дуели. Во плеј-офот тоа ќе биде многу важно“, изјави Јанис, чиј тим ја израмни
речиси целата своја негатива уште во третиот дел, кој го доби со 37:18, а потоа го заврши
започнатото.

Милвоки продолжува да е бр.1 во лига со биланс 52-17, додека Мајами води сериозна битка за
учество во плеј-офот, откако е со скор 32-36.

Останатите резултати:
Детроит – Л.А. Лејкерс 111: 97
Филаделфија – Сакраменто 123:114
Вашингтон – Шарлот 110: 116
Хјустон – Феникс 108: 102
Њу Орлеанс – Портланд 110: 122
Сан Антонио – Њујорк 109: 83
Лос Анџелес Клиперс – Чикаго 128: 121.