Кошаркарите на Милвоки се пласираа во големото финале во НБА-лигата, откако синоќа ја совладаа Атланта со 118:107 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција и ја завршија серијата со 4:2 во победи.
Бакс ќе се бори за титулата првпат од 1974 година.
Најдобар кај победниците, во отсуство на првата sвезда Јанис Адетокумбо, беше Крис Мидлтон со 32 поени.
Милвоки ќе се бори за титулата против Феникс, а првиот натпревар од финалната серија ќе се игра ноќта помеѓу вторник и среда.