Минатата година во Данска немало ниту еден грабеж на банка!

од Nikola Popovski
248 прегледи

Бројот на грабежи на банки во Данска минатата година паднал на нула, бидејќи зголемената безбедност и намалената употреба на готовина во оваа нордиска земја ги направија грабежите помалку профитабилни.

Бројот на грабежи на банки во Данска постојано се намалува од 2000 година, кога имало 221 грабеж, речиси по еден секој работен ден, пишува Си-Ен-Ен.

Во 2021 година, Данска имаше само еден грабеж на банка, според податоците од „Finance Denmark“, индустриска групација за кредитори, додека Блумберг објави дека немало грабежи во 2022 година.

Зголемениот број на камери за надзор, подобрените алармни системи и посилната соработка со полицијата помогнаа да се намали бројот на грабежи на нула, вели Мајкл Буск-Јепсен, директор за дигитализација во „Finance Denmark“.

На падот на бројот на грабежи влијаеше и големото намалување на бројот на шалтери: од околу 800 филијали на банки во Данска, само околу 20 сè уште имаат персонал кој работи со депозити и повлекувања, изјави Баск-Јепсен за „CNN“, а огромното мнозинство на клиентите користат банкомати кои се во Данска околу 2.000.

Данска има околу 5,9 милиони жители и редовно е рангирана како една од најсреќните земји во светот. Во 2022 година, таа беше рангирана само на второто место по Финска во светскиот извештај за среќа, со високи резултати во очекуваниот животен век, БДП по глава на жител, социјалната поддршка и ниската корупција.

Грабежите на банки се во опаѓање и во други земји, бидејќи преминот од готовина кон дигитално банкарство води до „сајбер криминал“, како што се хакирање и измами, кои се насочени кон банка и други лични информации.

Американските банки претрпеле 1.724 грабежи во 2021 година, според статистиката на ФБИ за банкарскиот криминал.

-Измамите преку онлајн банкарството се во пораст и во Данска, рече Буск-Јепсен.

-Во старите денови, разбојниците одеа во банки, а сега „одат“ кај клиентите на банките – иако виртуелно, преку интернет, додал тој.

Слични содржини