Минатата недела се пријавени 36 реинфекции, што е за 38,5% повеќе во однос на претходната недела

од Берта Китинска
316 прегледи

Со 1.922 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, забележано е намалување од 8,0% во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

-Во текот на мината недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, што е за 38,5% повеќе во однос на претходната недела.

Изминатава недела регистрирани се 66 смртни случаи од 22 градови, а најголем дел од нив се од Скопје. Од починатите најголем дел припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години, две лица од 40-49 години и едно лице од возрасната група 30-39 години, информираат од ИЈЗ.

Слични содржини