Минчев: Да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните

„По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом“, сподели министерот за администрација, Горан Минчев.

од Vladimir Zorba
9 прегледи

„По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом“, сподели министерот за администрација, Горан Минчев.

„Нека празникот на Христовото Воскресение донесе надеж, љубов и нова енергија за заеднички напредок. Во духот на солидарноста и меѓусебната почит, да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните.

Ви посакувам празничните денови да ги поминете во кругот на најблиските, исполнети со радост, топлина и убави моменти.

Христос Воскресе! Навистина Воскресе! “, додаде тој.