„Не мешај го Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин Костовски градоначалник на Куманово. Не бива таа работа, и самиот знаеш“.
Вака одговори министерот Горан Минчев, откако поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц во радио-емисија изјави дека Бранко Црвенковски ниту ја создал партијата ЗНАМ, ниту ја поддржува, а дека Минчев бил таму од лукративни цели.
Додаде дека Дамјановски е последниот кој имал право кого било да обвинува за лукративни мотиви.
„Друже Циц, знам дека се уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила (Шеќеринска) претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница. Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски“.
Според Минчев, ако Дамјановски бил 3 мандати градоначалник на Куманово, актуелниот градоначалник Максим Димитриевски заслужувал многу повеќе.