558
Се уште не размислуваме за намалување на јавната администрација и префрлување во приватниот сектор, но можам да кажам дека имаме дефицит на луѓе кои што конкурираат во јавната администрација. Платите се навистина мали. Оттаму со овие предлог-законски решенија, ценејќи го трудот, просечната бруто-плата од 1-ви март треба да порасне за 8%, рече министерот за јавна администрација, Горан Минчев на прес-конференција.
Министерот појасни дека „не можете да вработите ИТ-инженер во јавната администрација и да му кажете дека почетната плата ќе му биде 450 или 500 евра, кога истиот тој работејќи од дома, зема околу 2000 евра како ИТ инженер“.
Според Минчев, никој не е венчан за јавната администрација и кој сака може да премине во приватниот сектор.