Минчев: Писмата на Ахмети се политички популизам, има раслојување во Европскиот фронт

од Nikola Popovski
39 прегледи

Мислам дека премиерот и министерот за внатрешни работи кажаа дека не постои опасност за нарушување на безбедноста на државата. Ако таква пракса сака да се воведе, за мене е неприфатлива. Прес-конференциите и тензиите кои што ги држи г-динот Ахмети во општеството, сега и преку последниот чин и праќање писма кон европските партнери, но и Мицкоски, е прашање на политички популизам, вели министерот за јавна администрација, Горан Минчев за последните испратени писма од лидерот на ДУИ, во кои меѓу другото укажува дека укинувањето на „Балансерот“ ќе влијае на иднината на државата и меѓуетничката кохезија.

Минчев потсети дека претставниците на ДУИ во рамките на минатата Влада, во рамките на Националната стратегија 2023-2030 година за реформи во јавната админитрација, донеле одлука и констатирале дека алатката „балансерот“ била предмет на злоупотреба и дека треба да биде укинат.

Според Минчев, во ДУИ и коалицијата Европскиот фронт постои „раслојување“.

Според Ахмети, Уставниот суд планира да ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, а зборува и за одлука за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции.

-Овие интервенции ја загрозуваат основата на мирот и еднаквоста, враќајќи нè во условите пред 2001-та година, кои беа причина за кризата и војната, напиша меѓу другото претседателот на ДУИ во писмата до премиерот на државата, но и албанските и косовските власти, како и до високите челници на ЕУ, Франција и САД.

Слични содржини