Минчев: Во периодов додека нема законско решение, огласите продолжуваат врз база на знаење

од Nikola Popovski
56 прегледи

Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и во рамките на Владата има експертска група која нотира, сугерира, забележува и можеби дава предлози за ново законско решение кое по евентуален нацрт-предлог, би било доставено до Венецијанската комисија и потоа би било финализирано како законско решение, вели министерот за јавна администрација, Горан Минчев за новиот закон кој треба да го замени сега веќе укинатиот „балансер“.

Минчев информира дека исклучиво експерти работат на оваа тема, со цел повторно да не дојде до закон кој би подложил на укинати членови на Уставниот суд. Министерот појасни дека тоа е работна група во Владата, во која тој не учествува и не можеше да каже кои имиња се дел од составот на групата.

-Во овој период додека нема законско решение, огласите продолжуваат врз база на знаење. Со ова законско решение, не треба да се брза. Мора да биде квалитетно, применливо и вистинско имплементација. Чуму е правичната застапеност на етничките заедници, ако и тие луѓе што се примаат немаат соодветен квалитет и не можат да одговорат на тоа што е најважно – услугите кон граѓаните, додаде министерот на прес-конференција во Владата и информира дека согласно последниот податок за правична застапеност на етничките заедници од декември 2023, во јавната администрација има меѓу 22-23% етнички Албанци, а сите други заедници сочинуваат 5-7%.

Слични содржини