Минчев: За да се вработат во јавните институции, Македонци се пишувале Албанци и обратно

од Nikola Popovski
106 прегледи

Балансерот бил општо злоупотребуван – Македонци се пишувале Албанци, Албанци се пишувале Македонци, а припадници на другите етнички заедници се пишувале Македонци или Албанци со цел да се вработат во јавните институции. Вчерашниот мој коментар е да има почитување и спроведување на законите. Балансерот се однесува исклучиво на жителите на граѓаните кои што се на територијата на Македонија и јас како министер нема да отстапам од почитување на законите, изјави министерот за јавна администрација, Горан Минчев откако вчера од коалицискиот партнер ВЛЕН повторно беше прозван.

Вели дека било каков коментар од колегите од ВЛЕН е беспредметен.

-Никој не е индивидуалец во оваа Влада и ова се закони кои ќе ги донесе Парламентот по предлог на Владата. МЈА е носител на овие законски решенија, рече Минчев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според коалицијата предводена од неколку партии од албанскиот блок, застапеноста на Албанците во јавната администрација никогаш нема да биде завршено прашање и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ.

Партиите од албанскиот блок обвинуваат дека „од ЗНАМ пукаат со ќор-фишеци“.

-Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е Закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност, стои во вчерашната реакција на ВЛЕН.

Слични содржини