Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во гостувањето на Топ Тема порача дека учество во Владата има една цел – да биде коректор на политиките и гаранција дека реформите ќе се спроведуваат во интерес на граѓаните и државата.
„Во Владата влеговме со јасни услови. Првиот и клучен услов беше ДУИ да биде надвор од Владата – како главен кочничар на реформските процеси заедно со СДСМ“ – истакна Минчев.
ЗНАМ има активна корективна улога во повеќе чувствителни области: вработувањата во јавната администрација, употребата на дигиталната алатка „Балансер“, примената на знамето на етничките заедници и заштитата на државните симболи.
Партијата инсистира на строга примена на законите, транспарентни вработувања и целосно почитување на јавниот интерес.
„ЗНАМ е коректор на начинот на кој се носат и спроведуваат одлуките во јавната администрација. Нема враќање на старите модели и партиските вработувања“ – нагласи тој.
Како дел од Владата, ЗНАМ поддржува силен инфраструктурен и капитален инвестициски циклус, јасна динамика на изградба на автопатишта и реална децентрализација на општините со конкретни проекти за граѓаните.
Во однос на националните прашања, Минчев потенцираше дека македонските национални интереси не се предмет на трговија.
„Нашиот став за уставните измени и внесувањето на Бугарите стана државен став – без јасни европски гаранции нема уставни промени“ – заклучи Минчев.
Движењето ЗНАМ останува доследно на Националната платформа за обединување и нема да дозволи отстапки што ја загрозуваат државата и националниот идентитет.