16
Осомничениот за престрелката во близина на израелскиот конзулат во Минхен е убиен во размена на оган со полицијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, а станува збор за исламист кој и бил од претходно познат на полицијата.
„Мораме да претпоставиме дека нападот врз израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран утрово“, рече Херман.
Како што објави „Билд“, станува збор за Емрах И.(18), роден во Австрија, по потекло од Босна и Херцеговина.