По претходно добиени оперативни сознанија денеска околу 15 часот Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје, во скопско Визбегово извршила претреси во дом и други простории на И. П. (38), при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.
Како што информираат од МВР, при тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39). Извршени се претреси и во домот на Г.Ј.,при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.
Во соопштението од МВР се подвлекува дека трите лица се приведени.