MINI сака да ги научи Американците да возат со рачен менувач

од Vladimir Zorba

Британскиот бренд во својата американска понуда воведува конфигурации со рачни менувачи, што ќе биде новитет за многу домашни клиенти.

Одамна е познато дека таму доминираат автоматски машини. Затоа MINI сака да ги научи Американците како да возат со рачен менувач. Во Европа тоа би се сметало за глупава шега, но во Америка не е ништо за смеење.

Дека се работи за сериозна намера докажува MINI школата за рачни менувачи што ќе се одржи во BMW Performance Center во Калифорнија. Производителот тврди дека за многумина ќе биде добро потрошено време што ќе вроди со плод.

Курсот ќе биде поделен во две фази: теоретски дел, односно учење како лекција и практичен дел, кој ќе се фокусира на користење на автомобилот во реални услови.

Американците ќе научат да возат со педалата на куплунгот. Ова ќе биде ново за многумина. Инструкторите ќе се фокусираат на подучување меки стартови, забрзување и искачување по ридови.

Која е причината за ваквата одлука?

Па, можно е да е „мода“ на брендот што треба да го гради својот идентитет. Втората хипотеза се однесува на недостаток на компоненти. Во секој случај, Американците повторно ќе можат да купат MINI со рачен менувач.

Слични содржини