Минимален пораз на шахистите на Алкалоид во третото коло на ЕКК

од Aleksandar Petrovski

Во дерби мечот на третото коло од Европскиот клупски куп во шах, Алкалоид вчера загуби со 2,5:3,5 од рускиот шампион Медни Всадник.

На пет табли партиите завршија со реми, додека Јуриј Криворучко загуби од Павел Понкратов, што на крајот се покажа како решавачка победа за противникот.

По одиграни три кола, 7 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 6 бода, две имаат 5 и потоа следи поголема група со 4 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.

Во четвртото коло,  ШК Алкалоид попладнево за противник ја има српската екипа Итака.

Слични содржини