Минималецот да биде 18.000 и к-15 за јавниот сектор веднаш бара Синдикатот

од Берта Китинска
875 прегледи

Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на денешната средба во Владата, порачуваат од ССМ и бараат веднаш да се прифатат нивните барање.

– Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП, велат од ССМ.

ССМ деновиве извести дека го формирала главниот штрајкувачки одбор, наведувајќи дека од исходот на денешната средба во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.

-Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите, информира ССМ.

Слични содржини