Минималната плата во Бугарија да биде 620,2 евра од 1 јануари 2026 година, кога Бугарија официјално својата досегашна валута „лев“ ќе ја замени со еврото.
Таков е предлогот на Министерството за труд и социјална политика на Бугарија, кој е ставен на јавна расправа.
Се предвидува од 1 јануари следната година минималната саатнина да биде 3,74 евра.
Со покачувањето од 12,6% на минималната плата, ќе се зголемат доходите на 600.000 луѓе, смета министерството.
Според Националниот статистички институт на Бугарија, во второто тромесечје на 2025 година, минимална плата примале 456.700 луѓе.