Минималната кошничка во септември 61.306 денари

од Nikola Popovski
38 прегледи

Во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 996 евра или 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во соопштението се додава дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалаци во целост, односно 86 проценти се преземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалаци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.

Како загрижувачки, ССМ го посочува податокот што трошоците за храна и пијалаци за еден месец се зголемиле за 717 денари, што укажува на тоа дека, како што велат од Синдикатот, трговците во текот на месецот ги искористиле најавите за воведување на ограничени маржи на основните прехранбени производи.

На тој начин, како што оценуваат од ССМ, трговците си осигураат зголемени цени на производите во наредниот период кога во сила ќе биде владината одлука за ограничени маржи, на штета на граѓаните.

Слични содржини