Минималната плата причина за незадоволства и штрајкови, вели Бошков

од Берта Китинска
209 прегледи

Претседателот на бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, во своето гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, рече дека покачувањето на минималната плата е проблематично уште од самиот почеток на мерката, во 2012 година, а последното зголемување предизвикало создавање на поголеми проблеми и синдикални штрајкови.

„Морам да искоментирам дека несоодветно е ветувањето од минатата година, од 15.200 на 18.000 денари минимална плата, што еве, покрај тоа што зголемувањето е проблем за микро, малите и средни претпријатија, сега видоа шанса и синдикатите во јавниот сектор па го зголемуваат проблемот“, вели Бошков.

Слични содржини