Минирање на новата траса на автопатот Миладиновци-Штип кај Три Чешми

од desk4
265 прегледи

На автопатот во изградба Миладиновци-Штип, кај клучката Три Чешми, денеска ќе се врши минирање на карпест материјал.

Минирањето, како што информираат од АМСМ, ќе се изврши во 14,00 часот под надзор на полициска патрола, која ќе биде присутна за регулирање на сообраќајот а кој ќе се одвива на главната траса во период од 13:45 до 14:15.