185
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски не планира да побара одговорност од министерот за образование, Јетон Шаќири поради грешките и пропустите во учебникот по Историја и општество за 5-то одделение.
-Министер за образование не ги пишува учебниците, тоа го прават автори, a рецензија прават рецензенти. Затоа сметам дека при пишување на учебниците, авторите и рецезентите треба да обрнат поголемо внимание. Таму каде што се појавиле грешки, треба да бидат вратени и заменети со текстови напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса и како такви повторно дистрибуирани, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање при посетата на општина Пробиштип.