Словачкиот министер за култура Марек Мадарич, долгогодишен сојузник на премиерот Роберт Фико, поднесе оставка на функцијата по убиството на изсрашувачки новинар.

„Искрено, како министер за култура не можам да поднесам еден новинар да биде убиен за време на мојот мандат“, рече Мадарич на конференција за новинари.
Убиениот новинар Јан Куцијак (27) известувал за кривични постапки на бизнисмени меѓу кои некои поврзани со политичарите. Застреланите тела на Куцијак и на неговата девојка беа најдени минатиот викенд во неговата куќа во местото Велика Мача, источно од Братислава.
Сите словачки медиуми денеска ја пренесоа неговата недовршена приказна, во кој се наведува вмешаност на претприемач наводно поврзан со калабриската мафија во словачки фирми и компании кои се занимаваат со енергетика.
Владата понуди милион евра за инфромации кои може да помогнат за пронаоѓање на одговорните з аубиството.
Куцијак работеше за сајтот “Aktualne.sk”, а во главно се занимавал со приказни за затајување данок.