
Коен Генс, белгискиот вицепремиер и министер за правда, имал потешкотии да ја постави маската, а видеата од него на социјалните медиуми станаа хит.
Поточно, Генс ја посети просторијата за шиење Вијгмал во Белгија, каде волонтерите направија над 35.000 маски од ткаенини за да помогнат на земјата во борбата против пандемијата.
Генс веројатно никогаш не ставил заштитна маска на лицето, а упатствата додека се обидуваше не беа од корист. Генс прво ја стави маската на челото, по што сфатил дека не може да ја навлече до ушите. Потоа се обиде да ја стави на очите, но неговата маска му избега од лицето.
Кога виде дека не е добро, тој кратко прокоментира: „Чувствувам дека ушите ми се премногу големи“.
Целиот настан беше покриен од странски медиуми, а персоналот околу него не можеше да ја скрие насмевката од лицето на овој смешен начин на ставање маска на лицето.
Meanwhile in Belgium… their deputy prime minister getting to grips with the situation. pic.twitter.com/NPnelc6shd
— Laura Round (@LauraRound) May 1, 2020