Министерка алармира: „Не е прашање дали ќе снема струјата во ЕУ, туку кога“

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Веројатноста да снема струја во делови од Европската унија во блиска иднина е многу голема, вели австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

„Мораме да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа“, предупреди Танер.

Министерката Танер во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пишува „Клајне цајтунг“.

„Не е прашање дали, прашање е кога ќе се случи тоа“, рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина.

„За Путин, хакерските напади врз западното снабдување со електрична енергија се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека тоа е само теорија. Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа“, рече Танер.

Таа објасни дека една третина од населението може да се грижи за себе без струја најмногу четири дена.

Слични содржини