Министерката Петровска на Водици во Струга

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска заедно до државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга.

„Осветувањето на водите низ целата држава денеска, што го чествуваат сите христијански верници, не потсетува дека само со единство, слога и добра мисла, со взаемна поддршка и поттик, сите ќе бидеме подобри луѓе и затоа да имаме верба во чесното, доброто и праведното“, рече министерката.

Петровска упати честитки до сите граѓани што го прославуваат денешниот голем христијански празник Богојавление Водици и посака мир, хармонија, љубов, здравје, напредок за секое семејство и духовно спокојство за сите.

Слични содржини