Министерот за надворешени работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, в понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.
На средбата со Захариева ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес.
Во рамки на посетата, предвидено е Димитров даоствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Посетата се реализира само неколку денови по ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО