Министерот Љутков порача дека статусот на УНЕСКО за Охрид мора да се зачува

од desk2
7 прегледи

Министерот за култура, Зоран Љутков, порача дека ќе се преземат сите мерки за да се задржи заштитата од УНЕСКО за Охридскиот регион и Охридско Езеро.

„Потребна е јасна координација и одговорност, бидејќи наша обврска е до 1 февруари 2026 заедно со Албанија да доставиме извешај за напредокот во заштитата на Охридскиот Регион. Ова е предизвик, но и можност да се покаже дека кога се работи за национален интерес можеме обединето и заедно да делуваме. Наша должност е да го зачуваме Охридскиот регион за идните генерации, не само како наследство на УНЕСКО, туку и како дел од нашата културна и природна меморија и иденитет“ рече денеска во Охрид министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

На третата седница на Националната комисија за УНЕСКО надлежните разговарале за проблемите и препораките од УНЕСКО, односно за следните чекори за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Притоа е донесен заклучок дека треба бргу да реагираат, бидејќи Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 47. седница што се одржа во јули во Париз, донел одлука со која на Македонија и Албанија им се дава дополнително една година за спроведување на корективни мерки.

Слични содржини