Министерот за култура на Украина за преименувањето на Русија: „Предлогот има историска основа“

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Министерот за култура на Украина, Александар Ткаченко, ја коментираше идејата Русија да се преименува во Московија и рече дека идејата е интересна.

Ткаченко во интервју за украинските медиуми појасни дека на оваа тема ќе се разговара со експерти.

„Ќе разговараме со сите. Очигледно е дека предлогот за преименување на Руската Федерација во Московија има историска основа. Неопходно е да се консултираме со експерти. Ми се допаѓа идејата, но експертите треба да го кажат своето“, рече Ткаченко.

Инаку, иницијативата за преименување на Русија во Московија е актуелна од ноември 2022 година, кога иницијативата официјално беше упатена до претседателот на Украина. До февруари 2023 година, иницијативата доби 25.000 гласови, што е неопходна бројка за сериозно да се сфати предлогот.

По повод украинската иницијатива реагираа од Русија, а меѓу првите што се огласи Димитриј Медведев, кој рече дека и Русија може да покрене иницијатива за преименување на Украина.

Слични содржини