Министерот за култура од објективни причини не бил денес во Собранието

од Aleksandar Petrovski
184 прегледи

Министерството за култура изразува задоволство од воведувањето на новата државна награда „22 Ноември“ со која се оддава почит кон луѓето од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата, информираа попладнево од Министерството за култура.

Министерот за култура, Хусни Исмаили им честита на годинешните добитници, Давид Хосафлок, истражувач, историчар и хуманист, и Кимет и Аднан Агаи, просветни работници, и им посакува уште многу успеси во животот и во кариерата.

Министерот Исмаили, поради објективни причини беше спречен лично да присуствува на врачувањето на наградите за кое согласно Законот за државни награди е надлежно Собранието на Република Северна Македонија. На овој свечен настан, претставник од Министерството за култура беше заменик-министерот Владимир Лазовски.

Слични содржини