Министерот за здравство до антиваксерот Кимих: „Сакам лично да го вакцинирам!“

од Nikola Popovski
428 прегледи

Џошуа Кимих, капитенот на германската фудбалска репрезентација и понатаму е „најголемиот“ проблем во таа земја бидејќи одбива да се вакцинира против корона, поради што беше надвор од тимот на Баерн Минхен, како и од репрезентацијата. Случајот достигна највисоко ниво, а министерот за здравство Карл Лаутербах понуди лично да го вакцинира Кимих и да му ги објасни придобивките од имунизација.

Кимих со месеци е главна тема во Германија, тамошната јавност не може да разбере дека предводникот на актуелната генерација германски фудбалери одбива вакцинација и не сака да го промени ставот и покрај бројните казни кои ги доби од клубот.

На крајот на 2021 година, Кимих беше позитивен на коронавирусот и наводно најавил дека ќе се вакцинира кога ќе му се укаже можност.

„Тоа е прекрасно! Никогаш не сум го осудил поради неговиот став, неговото тело е негова царство и нормално е да има стравови“, изјави министерот Лаутербах.

Кимих се врати на фудбалот после прележувањето на вирусот и покрај сериозните последици што инфекцијата ги остави на неговите бели дробови. Министерот имаше специјална понуда за фудбалерот.

-Се нудам лично да му ја дадам вакцината и да му дадам одговори на сите прашања, истакна Лаутербах.

Откако се врати на терените, Кимих настапи на 11 натпревари, постигна три гола и забележа четири асистенции.

Слични содржини