Министерот за здравство : Тројца пациенти во критична состојба, 15 се интубирани

од Даниел Ѓорѓиевски
14 прегледи

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја информираше јавноста за состојбата со пациентите кои се лекуваат надвор од државата. Според последните информации, има уште тројца пациенти во критична состојба, а вкупно 15 пациенти се интубирани.

„Александар, кој почина утрово, беше најтешкиот од четирите критични пациенти. Се надеваме дека состојбата на останатите тројца ќе се подобри, иако можеме да очекуваме флуктуации во здравствената состојба на потешките пациенти кои се под лекување надвор од државата. Сепак, не е повеќе од 15 пациенти интубирани, додека другите се екстубирани, што е позитивен знак,“ изјави Таравари.

Тој истакна дека денес се очекува да се вратат во државата уште тројца пациенти кои се лекуваат во странство. Министерот нагласи дека е важно да се следи развојот на ситуацијата и да се чекаат дополнителни информации кога сите пациенти ќе се вратат дома.

Слични содржини