Министерски состанок ЕУ-Балкан за миграцијата

од Vladimir Zorba
115 прегледи

  Министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на Европската Комисија и на австриското и бугарското претседателство со Унијата.

Според најавите на министерски состанок ќе се разговара за миграциските предизвици на ЕУ.

Како што јави допсиничката на МИА во Брисел, се очекува на средбата да се разгледува и предлогот за отворање кампови за бегалците во земјите од регионот на Западен Балкан.