Министерство за култура: Алаѓозовски врши притисок и мешање во работата на институцијата

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Министерството за култура реагира попладнево на изјавата на претседателот на Комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски.

109967628

– Роберт Алаѓозовски нема право, ниту легитимитет како претседател на Комисијата за култура на СДСМ да бара поништување на резултатите по конкурс на една државна институција како Министерството за култура, се вели во реакцијата од Министерството за култура.

Преку својата партиска функција, како што се наведува, Роберт Алаѓозовски врши груб притисок и мешање во работењето на Министерството за култура.