Министерството за култура го презема функционирањето на “Мал Битолски Монмартр”.
Ова следува откако беше објавен апел за спас на “Мал Битолски Монмартр” на социјалните медиуми, откако Министерството за образование одлучи дека по 4О години финансиските средствата ги стопира за Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, а со тоа култниот светски бренд „Мал Битолски Монмартр”.
„ И понатаму ќе течат нивните активности така што учениците од 5 до 2О годишна возраст кои бесплатно ликовно ќе продолжат да се едуцирааат и го развиваат својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг [ Кина ] па до Португалија“ велат од министерството за култура.
Изминатите шест месеци нивните ученици зедоа учество на 1О светски детски ликовни конкурси и пет светски детски ликовни колонии кои освоиле над 85 награди.