Министерство за одбрана: Припадник на АРМ загина во пукањето во Батинци

од Nikola Popovski
45 прегледи

Министерството за одбрана попладнево потврди дека во денешното пукање на влезот во селото Батинци е убиен припадник на АРМ.

„Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот“, стои во соопштението од ресорот одбрана.

Според МВР, денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с. Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт.

Околностите под кои настанал инцидентот засега не се познати, а надлежните органи започнаа истрага за расветлување на случајот. Полицијата изврши увид на терен, а се работи на мотивите зад пукањето.

 

Слични содржини