Министерство за транспорт: Нема да дозволиме Охрид да се врати на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО

од Nikola Popovski
340 прегледи

Министерството за транспорт и врски информираа дека тие и Владата преку Агенијата за планирање на просторот го изработуваат Урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското езеро.

Според нив, се работи на Урбанистички план од државно значење кој се изработува со цел ставање на ред, запирање на узурпирањето на Охридското крајбрежје и негова целосна заштита согласно препораките од УНЕСКО, а во овој момент се собираат податоци од Агенцијата за катастар на недвижности.

-Во овој план целосно ќе бидат вклопени препораките на УНЕСКО, со што ќе се заштити крајбрежјето на Охридското езеро. Градоначалникот на Охрид е информиран за сите овие постапки од страна на координаторот на Државната комисија за заштита на охридското крајбрежје. Уште еднаш би сакале да потенцираме дека Министерството за транспорт и врски и Владата ќе продолжат да ги водат постапките во насока на заштита на природното наследство на Охрид и Охридскиот регион како заштитено подрачје и нема да дозволиме преку ноќ да се уништат придобивките кои се градени минатите години, a со кои успеавме да го симнеме Охрид и охридското крајбрежје од листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО, велат од министерството како реакција на денешната изјава на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков кој најави дека ќе ги враќа објектите на охридскиот брег отстранети како дивоградби.

Од министерството апелираат новата локална самоуправа во општина Охрид да ги почитува започнатите постапки и планот за управување кој веќе е на сила и заеднички да работиме на стратешкиот план за рехабилитација на регионот, се со цел да се заштити и природното и културно наследство.

Слични содржини