Министерство за здравство го вработи Јосиф Мишевски фармацевт со ретка болест заќе ја креирање на програмата за ваквите нарушувања

од desk2
148 прегледи

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, во работен однос во Министерството е ангажиран Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт, кој ќе работи во секторот фармација.

„Истовремено, ова лице ќе биде активно вклучено и во креирање на програмата за ретки болести. Имајќи предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза ихтиоза), на овој начин лицата што директно се засегнати од имплементацијата на програмата активно се вклучуваат во нејзиното креирање“, информираат од Министерството за здравство.

Дополнително, лицето има претходно работно искуство во невладиниот сектор вклучувајќи и здружение за ретки болести.