Министерството за економија од утре ќе објави јавен повик, каде што ќе дели ваучери во вредност од 25 илјади денари по домаќинство, за домаќинствата од пелагонскиот и југозападниот регион.
Веќе се определени вкупно 100 милиони денари за семејствата од овие општини, со цел да вложат во енергетска ефикасност.
Министерот Бектеши ги повика граѓаните да аплицираат, доколку ги исполнат условите кои ќе бидат објавени на страницата на Министерството.
Ќе важи условот „прв дојден – прв услужен“. Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето, со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања.
Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди.
Едно домаќинство може да поднесе барање само за една од програмите или за Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија или, пак, за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност.
Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милиони евра, со целосно нивно искористување, како што рече Бектеши, е предвидено да се доделат над 7.