Министерството за политички систем бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за вработувањето на Шпреса Абази

од Nikola Popovski

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, изнесените лаги за лицето Шпреса Абази.

Како што велат од ресорот предводен од министерот Артан Груби, Шпреса Абази од Кичево е вработена во 2015 година преку К5 програмата во времето на ВМРО ДПМНЕ во Секретаријатот за Спроведување на Охридски Рамковен Договор.

Шпреса Абази од Тетово, сосема друга личност, е вработена во 2022 во Министерството за политички систем, како преведувачка. Цел вчерашен ден ВМРО ДПМНЕ дрско, упорно ја лаже јавноста па од тука произлегува дилемата дали се работи за неписменост во партијата или само за постојан порив за произведување на лажни вести. Бараме јавно извинување од страна на ВМРО ДПМНЕ за јавно искажаните невистини, во спротивно ќе постапиме согласно законот, порачаа од Министерството за политички систем.

Додаваат дека во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, статусот на Шпреса Абази беше на мирување, бидејќи беше на мандат во придружба на својот сопруг, во амбасадата на Северна Македонија во Виена, Австрија, испратени во тоа време на Никола Поповски, министер за надворешни работи.

Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од мандатот, како дел од планот за трансфер на 1359 вработени со програмата К5, стои во соопштението од Министерството за политички систем.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера обвини дека Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, ЈО за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство.

ОВА е документот, од 04.04.2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е името на снаата на Ислам Абази. Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти! Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК, рече меѓу другото Стоилковски.

Слични содржини