Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено – поправниот дом Идризово, Управата за извршување на санкции иформира дека на ден 20.10.2022 година околу 15.30 часот, на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман, две осудени лица со иницијали Т.М. и О.А. физички ги нападнале осудениот Б.Ј и друго осудено лице кое шетало со него, нанесувајќи удари во телото и главата, информираат од Министерството за правда.
-Веднаш било интервенирано од страна на припадниците на затворската полиција кои го обезбедуваат шеталиштето а осудените лица биле разделени.Двете осудени лица врз кои е извршен нападот, веднаш биле спроведени во затворската амбуланта за укажување на помош, а била повикана и екипа на итна медицинска помош која препорачала да бидат прегледани и во Клиничкиот центар – Скопје по што биле спроведени.Во вечерните часови осудените лица дале писмена Изјава за нивното видување на настанот.Против осудените лица кои го извршиле физичкиот напад се комплетира документацијата за спроведување постапка за дисциплинска одговорност.За овој настан, службени лица од Управата за извршување на санкциите ќе извршат и вонреден надзор на установата со цел да се утврди фактичката состојба, велат од правда.
Во текот на денешниот ден осудениот Б. Ј е спроведен и на дополнителен преглед во Клиниката за абдоменални болести.
-По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.
Боки 13 вчера бил нападнат од три лица во затворот „Идризово“ каде ја издржува затворската казна.
-На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР за „Локално“.
Боки 13 за случајот „Рекет“ доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.