
Министерството за транспорт и врски негира дека кај нив пристигнало барање од Општина Тетово за набавка на осум автобуси за јавен превоз. Од ова Министерство дури велат дека за годинава не се предвидени средства за оваа намена, информира АлсатМ.
„Прво, во Министерството за транспорт не фигурира ниту едно барање од Општина Тетово во однос на набавка на автобуси. Второ, Министерството годинава не доделило или испланирало средства за помош на Општина Тетово за наведените автобуси. И трето, Министерството за транспорт не е надлежно за снабдување на општините со транспортни средства, туку тоа треба да го направи Владата.“ – велат од Министерство за транспорт и врски
Негирањето од Министерството за транспорт доаѓа отако пред една недела градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, тврдеше дека повторно е испратено барање за автобуси.
Целиот текст можете да го прочитате тука