Министерството за транспорт размислува да ги ослободи онколошките пациенти од плаќање патарина

од Nikola Popovski

Отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе пристигне барањето од страна на граѓаните, ќе го разгледаме. Секогаш во минатото сме изглегувале во пресрет, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски запрашан дали би ги ослободиле онколошките пациенти од Штип и источниот регион од плаќање на патарини до Скопје и во спротивен правец.

Како што истакна Бочварски, државата ќе даде поддршка на сите граѓани на кои што им е потребна помош.

-Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид – криза, кога има енергетска криза е овде да им помогне на граѓаните, рече министерот Бочварски по увидот во градежните работи на брана на река Отиња во Штип.

Слични содржини