227
Арбен Таравари и официјално ја напушти владината коалиција, со што се ближи крајот на неговиот мандат како министер за здравство. Според последните информации, коалицијата ВРЕДИ најверојатно нема да добие ново министерско место, поради намалување на нејзината политичка тежина откако пратениците на Таравари заминаа. Министерството за здравство најверојатно ќе го преземе ВМРО-ДПМНЕ, а како најсериозни кандидати се споменуваат Сашо Клековски, актуелен директор на Фондот за здравство, и Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.
Вечерва е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која можеби ќе се разговара за распределба на ресорите. Одлука се очекува во наредните денови.