Министерството за животна средина предлага 20 пати повисоки казни за загадувачите

од Берта Китинска
250 прегледи

Министерот за животна средина Насер Нуредини на денешната прес-конференција изјави дека  во Собранието се поднесени предлози за на законите за  измени за животната средина, во кои се предвидени до 20 пати повисоки казни за загадувачите.

„Со предложените измени на Законот за животна средина создадовме алатка за справување со историското загадување и жешки точки. Истовремено, изготвивме и доставивме до Собранието и измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се утврдија критериуми и донесување на листа на општини кои ќе мораат да изготват планови за чист воздух за своите граѓани, изјави Нуредини.

Во однос на мерните инструменти, министерот рече дека се купени, но се чека нивната испорака.

„. Ние од нашиот буџет ги купивме потребните мерни инструменти, а истовремено имаме соработка и со Владата на Шведска која нѐ поддржува во ваквата програма. Информирани сме од соодветните институции дека во краток рок ќе стигнат мерните инструменти“, изјави Нуредини.

Слични содржини