(ВИДЕО) Министрите и замениците од СДСМ поднесоа условени оставки

од desk3
120 прегледи

spasovski remenski

Денеска министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесуваме оставки на функциите во Владата на Република Македонија.

Доколку остане во сила Одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18-ти јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат.

Согласно Договорот од Пржино, Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање на фер и кредибилни избори, откако ќе се исполнат сите точки од овој договор.

Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Тоа е директно потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД.

Без прочистен Избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни, кредибилни избори.

СДСМ нема да ги алиментира нерегуларните, неслободните и недемократски избори коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ.

ДС: Гласајте за Македонија!Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање

 

П1: Доколку Собранието ја повлече одлуката за изборите, дали оставките ќе бидат валидни ?

 

Сметам дека текстот на оставката е многу јасен, доколку останува во сила одлуката со која што се распушта Собранието, донесена еднострано од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, оставките бараме претходно да ни бидат констатирани.

 

П2: Тоа занчи дека останувате на функција ако евентуално не се распушти Парламентот?

 

Тоа значи, доколку остане на сила одлуката за распуштање на Собранието, претходно бараме да ни се констатираат оставките.

 

П3: Ако не се констатират оставките, што ќе правите г-дине Спасовски ?

 

Ние сме во оставка од моментот на поденувањето и имаат обврска оние коишто ја донесоа еднострано одлуката за распуштање на Собранието, да ни ги констатираат оставките и да не ослободат од овие позиции коишто ги имаме.

 

П4: Ќе се повлечете ли од другите точки од договорот во Пржино?

 

Договорот од Прижино е прекршен со самото носење на одлуката за распуштање на Собранието, кое што беше донесено еднострано помеѓу двете политички партии.

 

П4: Тоа значи дека не важи ?

 

Тоа е моментот на прекршување на Договорот.