Министрите на ДУИ ќе ги достават оставките до премиерот Димитриев

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Министрите од ДУИ во Владата во 11 часот ги доставуваат оставките до премиерот Емил Димитриев, информираат од партијата на Ахмети.

timthumb
– Не можеме во оваа држава само ДУИ да се грижи за нејзината иднина, институциите имаа обврска да покренат постапка за лицата што објавуваат приватни разговори, но останаа неми. Ова е првиот чекор за предупредување, не значи дека нема да одиме и чекор натаму – велат од ДУИ.

Повеќето од функционерите на ДУИ велат дека во текот на денот, партијата ќе ги образложи своите одлуки за излегување од владата, пишува Фокус.