Министрите од ДУИ покажаа професионалност и компетентност, рече Адеми

од Destan Jonuzi

Пред одржувањето на првата средба на новото централно претседателство на ДУИ, на која се очекува министрите од оваа партија да дадат отчет пред ова партиско тело, потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми, изјави дека претставниците на овој субјект во извршната власт биле на висина на задачата.

– Отчетноста е една од основните вредности на ДУИ, затоа ќе имаме седница на која ќе се испита работата на извршната власт, иако како потпретседател на партијата мислам дека извршната власт до сега беше на висина на задачата. Тие ја извршија работата како што треба, покажувајќи и професионалност и компетентност. Но, секако, на партиските форуми секогаш се добредојдени вакви средби, редовни средби на кои ќе се разгледуваат прашања кои се во интерес на нашиот политички субјект и во последен степен се во интерес на граѓаните, изјави Адеми за „Лајм“.

Од друга страна претседателот на Собранието и член на Претседателството на ДУИ, Талат Џафери денеска информира дека гостиварскиот огранок на партија не е задоволен со учеството во извршната власт и од новиот состав на партијата.

Тој вели дека се очекува да има поинаков пристап во партијата.

Запрашан дали во ДУИ има фракции и на која тој и припаѓа, Џафери вели дека не припаѓа на никаква фракција и оти ова што го кажува е во доменот на негово мислење и оти тоа е демократски.

Собранискиот спикер истакна дека не реферира пред партијата, туку пред граѓаните и дека има извештаи за неговата работа. Во однос на уставните измени, Џафери исто како и премиерот Димитар Ковачевски, е на мислење дека политичките партии треба да се состанат во врска со уставните измени. Тој рече дека премиерот укажал на потребата на меѓупартиска консултација, бидејќи уставните измени не можат да се донесат без двотретинско мнозинство.

Слични содржини