Министрите од регионот со Декларација за унапредување на социјалната политика

од desk2
99 прегледи

Министрите за социјална политика од регионот потпишаа денеска во Белград заедничка Декларација за унапредување на социјалната политика на Западен Балкан со која се обврзаа на заедничко дејствување за да се спроведат реформи во таа област.


Министерот за труд на Србија Зоран Ѓорѓевиќ изјави дека соработката на проекти со решавање на истите или слични проблеми што ги имаат тие држави, може да значи поврзување „за да може утре сите заедно да влеземе во ЕУ“.
Во Декларацијата се наведува дека потписниците се обврзуваат „да здружат напори во борбата против социјалната исклученост и дискриминација, во промовирање социјална правда и заштита, зголемена еднаквост меѓу мажи и жени и поттик за солидарност меѓу генерации и заштита на правата на детето“.

Иницијативата за социјална димензија при евроинтеграциите на Западен Балкан чија цел е воспоставување и унапредување дијалог меѓу цивилниот сектор, граѓаните и политичките елити во ЕУ и регионот ја финансира и спроведува германската невладина органзиација АБС (Arbeiter Samariter Bund). Иницијативата е покрената за да може во следните 18 месеци да се креира портфолио од 165 предлози во областа на социјалната запштита.